Настани кои ја одбележаа 2023 година за здружението Македонида и нашите соработници


јануари 2, 2024 во 5:45 pm

Настани кои ја одбележаа 2023 година за здружението Македонида и нашите соработници

Здружението „Македонида“ Ви посакува Среќна Нова 2024 Година и весели божиќни празници, нека новата година биде исполнета со убавини и успеси!

Во 2023 година, здружението „Македонида“, активно соработуваше со сите релеванти институции од Македонија. Посебно би напоменале дека во 2023 година, нашето здружение, ја продлабочи соработката со Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија, што ни е претставува посебно задоволство и чест. Покрај тековните проекти (Регистарот на средновековни цркви во Охрид и охридско и Уметничката резиденција „A/R Каљари-Скопје”) и планирање на нови, здружението и нашите соработници/членови во 2023 година оставарија голем број на успеси и учествуваа на разни настани, ќе одвоиме дел од нив:

Јануари – претседателот д-р Панче Велков на покана Association Réalités et Relations Internationales (ARRI), оддржа предавање за културното наследство во Македонија во Париз.

Март – Гордана Велков беше кураторка на изложбата „Кршливоста на Светулките“ на младата авторка Надја Петровиќ во Музејот на град Скопје. Изложбата предизвика голем интерес и беше посетена од голема публика, меѓу кои и студенти од ФЛУ.

Мај – М-р Владимир Таневски беше куратор на изложбата „Во тек со времето/Со тек на времето: групна изложба по повод пет години од матура “ во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје.

Септември – во текот на месец септември во посета на здружението беше соработникот/консултант проф. Ролф Ахилес од School of the Art Institute of Chicago. При неговата посета се оддржаа неколку работни состаноци, од кои во иднина можат да произлезат голем број на проекти и соработки.

Октомври – М-р Владимир Таневски, учествуваше на IV Годишна Школа за византиско и османлиско културно-историско наследство.

Ноември – Гордана Велков беше кураторка на завршната изложба од проектот: Уметничка резиденција 2022, „A/R Каљари-Скопје”, во Музејот на град Скопје.

М-р Владимир Таневски учествуваше на XI МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ ЗА ВИЗАНТОЛОШКИ И СРЕДНОВЕКОВНИ СТУДИИ „ДЕНОВИ НА ЈУСТИНИJАН I“ со тема: „The narrative of the frescoes from the churches of St. Archangel Michael – Varoš and St. Demetrius – Marko’s Monastery: symbolic messages about the tragic past“.

Декември – Д-р Панче Велков беше на состанок/конференција на FHR (Future for Religious Heritage) во градот Наумбург во Германија.

Потпишана е нова соработка со здружението „Ottovolante Sulcis“ од Сардинија, за организирање на нови проекти.

Во новата 2024 година веќе планираме голем број на проекти, и довршување на старите. Продолжуваме понатаму да ги поддржуваме сите видови на уметничка креација, да го промовираме и презентираме нашето највредно средновековно културно наследство т.е. византиските цркви и отворени сме за соработка со сите заинтересирани…

 



Погледни ги сите објави