Здружение за педагогија, промоција и заштита на културното наследство


Настани

80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

5.5.2025 | Берлин, Германија

По повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик, на 5 мај 2025 година, во Амбасадата на Македонија во Германија се отвори изложбата „Свети Места“ на д-р Панче Велков, директор на Музеј на Град Скопје и претседател на Здужението „Македонида“.  Амбасадорот на Македонија во Германија Илбер Села кој ја отвори изложбата, ги поздрави присутните и говореше за важноста на зачувувањето на македонскиот јазик. Потоа се обрати Татјана Јаковлевска Бонет која направи осврт на македонскиот јазик во поширок контекст на примена и заштита на јазикот. Д-р Велков се осврна на изложбата и сликите кои претставуваат симбол на религиска светост во повеќе делови од светот. Покрај изложбата,  д-р Панче Велков имаше и средби со децата од македонските училишта низ Германија, нивните професори и голем број на членови од македонска заедница во Берлин и во Р. Германија. Д-р Велков имаше средба и со амбасадори од други земји од светот.

Фотографии: Амбасада на Македонија во Р. Германија