Здружение за педагогија, промоција и заштита на културното наследство


Настани

Помеѓу просторот и местата

3 јуни (вторник), 19 часот, | Отворено графичко студио при Музеј на град Скопје

3 јуни (вторник), 19 часот, Отворено Графичко студио при Музеј на Град Скопје.
„Помеѓу просторот и местата“
Камерна изложба на трите уметнички учеснички на уметничката резиденција Скопје, Македонија/Сент Антиоко, Сардинија, Италија
Мила Добревска
Аница Китановска
Ангела Савевска
Организатор: Гордана Велков
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам
Изложбата ќе биде отворена до 23.6.2025
„Размената на Уметничката резиденциjа меѓу Италија и Македонија е релација во потрага на размена и соработка на млади уметници од овие двете земји, поточно од градот Скопје и од градот Сент Антиоко на истоимениот остров на Сардинија. На оваа втора резиденција, различните географски места се теми и содржини на културните и социјалните простори како вредности во уметничката креација и размена на искуства помеѓу уметниците од двете страни. Просторот и местата се заедничките точки кои ги спојуваат менталитетите и современото живеење кај нив и кај нас. Мултимедијалната слика на различни уметнички медиуми и техники на оваа уметничка резиденција ја потврдува уметничката практика и креативноста на учесниците, која е спој на нови медиуми во визуелните уметности, перформансот и современиот танц, фотографијата и уметничкиот филм, сликата, релјефот, поезијата, скулптурата, мозаикот и текстилот…“