Здружение за педагогија, промоција и заштита на културното наследство


Настани

Обновување на сликарството на Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново – Ремек дело на византиската уметност во Македонија

28.03.2018 - 14.04.2018 | Скопје

Оваа изложба ги претставува резултатите од проектот Македонски фрески – Маско 360 реализиран од страна на Здружението Македонида од Скопје под раководство на д-р Панче Велков, во соработка со Професор д-р Филип Нивонер од Факултетот за Христијанска археологија и византиска историја на уметност при Универзитетот во Гетинген, Германија, а со подршка на германскиот институт Макс Планк и Министертсвото за култура на Република Македонија.

Фотографиите се направени во пролетта 2016 година, период во којшто веќе беа започнати конзервaторските работи во црквата во Курбиново. Така, иконостасот беше изваден од црквата со што се пружи единствена можност студентите од Гетинген непречено да ги фотографираат светски познатите фрески во курбиновската црква – ремек дело на византиската уметност од 12 –иот век. По премиерата во Националната институтиција Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Битола во јуни 2017 , оваа изложба ќе има можност да ја види скопската публика . Домаќин на изложбата e Музејот на Град Скопје, а настанот се реализира во соработка со Здружението Македонида и Завод и Музеј – Битола , а со подршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Изложбата свечено ќе ја отворат Професор д-р Елеонора Петрова-Митевска, директор на Управта за заштита на културното наследство на Република Македонија, д-р Панче Велков, Претседател на Здружението Македонида и м-р Ристо Палигора, раководител на конзерваторскиот проект на црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново, кој се реализира од страна на надлежната институција Музеј и Завод – Битола.

На отворањето на изложбата во Музејот на град Скопје, среда на 28-ми март во 20 часот ќе биде прикажана и кратка видео презентација која ги претставува резулатите од конзерваторскиот проект на црквата Cвети Ѓорѓи во Курбиново,  подготвена од страна на м-р Ристо Палигора, советник конзерватор при Музеј и Завод – Битола.