Здружение за педагогија, промоција и заштита на културното наследство


Настани

Хала Томас Ман – Институт за Византиски студии – Универзитет Лудвиг Максилијан, Минхен

7.05.2018 - 21.05.2018 | Минхен

По Битола и Скопје и германската публика ќе ја има ексклузивната можност да го види фрескоживописот од Курбиновската црква, претставен низ прекрасните фотографии на студентите од Универзитетот Џорџ Август од Гетинген.

Изложбата ќе биде прикажана во Халата посветена на Томас Ман, при Институтот за Византиска историја на уметност и современи грчки студии при Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен.

Да напоменеме дека оваа презентација влeгува во рамките на една поширока кампања завалоризација и промоција на црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново и нејзината конзервација, која веќе повеќе години ја води здружението Македонида во соработка со повеќе значајни институции и  експерти од областа на византиската историја на уметност и конзервацијата на средновековните цркви и манастири од Гермнаија и Франција.

Изложбата во Минхен свечено ќе биде отворена во понеделник на 7ми мај во 15:00 часот со воведно предавање на Професор д-р Панќе Велков, претседател на Здружението Македонида. По претставувањето во Минхен, изложбата ќе патува во Јаши во Романија, по покана од страна на Романската православна црква.