Завшрен проект Уметничка резиденција 2022 „A/R Каљари-Скопје”


декември 18, 2023 во 10:41 am

Автор: Г. Велков 

Уметничка резиденција 2022

„A/R Каљари-Скопје”

Уметници од Сардинија во периодот од 18.09.2022 до 02.10.2022 престојуваa во арт резиденцијата на здружението „Македонида“, Атинска 2, Скопје каде ги изработуваа своите дела и на 01.10.2022 беа прикажани на завршна работна изложбa во прoсториите на резиденцијата. Исто така и македонските уметници од Скопје во периодот од 02.10.2022 до16.10.2022 престојуваа во арт резиденцијата на здружението Отоволанте Сулцис, Сардинија и на 15.10 се претставија со работните уметнички дела во Градската галерија при општината на градот Сент Антиоко. Учесници на оваа арт резидендција беа: Кјара Александра Јанг, Марко Манкони и Давиде Мариани од Сардина, и Зоран Шекеров, Лина Дамјан и Ана Спасова од Скопје. Уметниците на 28.11.2023 во просториите на Музејот на Град Скопје, организираа завршна изложба. Изложбата „A/R Каљари-Скопје“ имаше за цел обединување на делата изработени за време на Уметничката резиденција во 2022 година помеѓу двете места (Скопје/Сант Антиоко, Сардинија). A/R (andata e ritorno; повратен пат) е патувачки дневник на уметниците, нивните идеи и соочување со новините од стекнатото искуство. Целта на обединувањето на креацијата е да се развие идеја на зближување на младите уметници преку уметноста, културата, различностите во живеењето, но и сличностите во културата и традицијата во регионалните рамки на Европа кои делат заеднички вредности. На изложбата уметниците од двете страни се претставија со своите истражувачки теми на кој работен наслов им беше “Дневникот на уметникот”. Уметниците од Италија се претставија со своите уметнички дела со содржини за Скопје и скопско, додека уметниците од Скопје со делата за градовите каде што престојуваа во Сардинија.

Кјара Александра Јанг во своите дигитални фотографии, вкупно шест, го претстави најстариот религиозен монотеизам наспроти мистиката на природата што се крие во пештерата ”Врело“ во кањонот Матка. Во насока на потрагата на разноликата историја преполна со движно и недвижно наследство во Скопје, на нејзиното видео се менуваа дигиталните фотографии со истите содржини како да не е важно времето и просторот.

Марко Маркони во неговото дело “sKarpos”,”СКарпош”, што во превод би било лузните на Карпош во колаж на аналогни фотографии претстави секвенци во архитектурата кој претставуваат градежни работи врз стамбените, јавните градби кои создаваат нова претстава за градот и населбата како и за луѓето. Марко Маркони, атмосферата на СКарпош ја дополни со аидио звуци чиј минимализам на определени автентични звуци од просторот заедно со сликата ја создаваа и атмосферата и мелодијата на делото.

Давиде Мариани, третиот автор од Сардинија се претстави со видео проекција, аналогни фотографии и фротажи. Сите три медиуми претставуваа едно дело во однос на содржината која се надополнуваше преку трите техники. Видеото на кое се менува пејсажот од Карпош до Стара скопска чаршија преку чекорите на авторот. Видеото тече како во еден кадар заедно со автентичноста на урбаната врева. Шестте фротажи се урнек на различни асфалтни површини кои на поголема фотографија ја откриваат површината од местото во малку помал формат, додека под нив се минијатурни аналогни фотографии на кои се наоѓа поширокиот урбанистички кадар од фротажот. Играта помеѓу земјата и  чекорите, градбите како наследство и градскиот урбанизам, вревата и мелодија е приказот на денешното Скопје во делото на Мариани.

Македонските автори од Скопје –  Ана Спасова и Лина Дамјан, доживувањето од Сардинија го претставија  под речиси идентичен наслов на своите дела.

“Попладне во Сент Антиоко “ на Ана Спасова претставува циклус на дигитални фитографии кои ги опфаќаат местата на Сент Антиоко, мал остров на југот од Сардинија. Пејсажите на фотографиите го отсликуваат островскиот амбиент во срцето на Медитеранот каде  што оригиналноста на боите и едноставноста на формите низ историјата пркоси на времето и човекот, нереалното во еден момент станува реално.

Лина Дамјан во нејзината “Сиеста “ на три големи формати  на принтани дигитални фотографии развива концепт кој се однесува на присуството на човекот и природата во Сардиниа и Сент Антиоко. Анимацијата  на цртежот на малечкиот автомобил Сеат Марбеља е симпатијата, погонот со која се движеше љубопитноста помеѓу егзотиката на природата, културата и историјата.

Резиденциите беа оддржани во рамките на Евроската програма TRAMEUROPEE со поддршка на Отовалонте Силуцис од Сардинија и Македонида.

Изложбата во Музејот на град Скопје беше поддржана од националната програма на Министерство за култура, Амбасадата на Италија во Скопје и организациите Македонида од Скопје и Отовалонте од Сардинија.

Кординатор на проектот беше Гордана Велков, историчар на уметност



Погледни ги сите објави