ИЗЛОЖБА „КРШЛИВОСТА НА СВЕТУЛКИТЕ“


мај 29, 2023 во 2:06 pm

ИЗЛОЖБА „КРШЛИВОСТА НА СВЕТУЛКИТЕ“

Музеј на град Скопје, 2023

Рецензент: Гордана Велков

Уметноста на македонската сликарка Надја Петровиќ во нејзиниот втор сликарски циклус, наречен „Кршливоста на светулките“, ја сочинуваат дела во масло на платно во голем формат. Тие уште на прв поглед предизвикуваат љубопитност и веднаш како да ви подаваат рака и ве внесуваат во приказната за реалноста што ви се чини дека е препознатлива и во којашто можете да се пронајдете. Младата авторка Надја Петровиќ во овој циклус речиси сосема го има изградено својот сликарски јазик во силни фигуративно сликарство, каде доминира човекот и човековата состојба како резултат на неговото дејствување. Современиот реализам на сликарската техника и фигурацијата на нејзините избрани човекови модели е темелен и студиозен приказ како актот така и на неговите прекршувања, акцентирани преку апстрактни форми во однос на емоциите, идентитетот и опкружувањето. Материјалистичкиот изглед на актовите на избраните модели потсетува на постпродукциски плакат на млад човек, стилизиран според консумернизмот на секојдневието, со дискретни детали од високата мода, коишто се во целосната хармонија со постмодернистичкиот простор. Просторот, за којшто американскиот книжевен критичар и теоретичар Фредрик Џејмесон ќе каже дека го отсликува непостоењето значење на историската приказна што е изгубена во перпетулана стварност, во којашто спомените, поврзани со традиција, повеќе не постојат. Просторот во сликарските дела како состојба на општеството и физикусот на актовите во нив како човекова состојба, ја илустрираат културата на модерниот субјективизам и социјалниот статус од коишто авторката не се исклучува себеси и својот личен живот. Напротив, нејзините автопортрети, внимателно насликани во содржините на делата, укажуваат на нејзината присутност не само во стварноста туку и во човековата филозофија, од каде што таа не го исклучува својот живот. Имено, Надја го гради својот живот заедно со нејзните дела, укажувајќи на својот интелектуален развој преку мисловниот концепт „Кршливоста на светулките“. Овој концепт се провлекува низ различните човекови состојби и ситуации и повторно, контекстот на „Кршливоста на светулките“ како парадигма и визуелност на актовите во делата што позираат во ограничениот миг на обврските, задоволството или тривијалноста на секојдневието, на прв поглед предизвика објективна сензација на прилично слатки, опојни и носталгични сеќавања, но сепак, водени од субјективните доживувања што ни ги осветлуваат светулките во топлите летни ноќи. Оваа модерна субјективна претстава не е илузија на модернизмот и неговите егзистенцијални и хуманистички дејствувања, како што тврди францускиот филозоф Фуко, напротив е реалност за којашто сведочи присуството на авторката во делата. Начинот на којшто Надја успева да ни ја пренесе концептуалната епистема на „Кршливоста на светулките“ во човековата природа и општеството е токму преку насликаните бели ленти коишто го трасираат и го осветлуваат меѓупросторот како гранична линија на биолошката и социјалната состојба на човекот, кој блеснува и се гаси во однос на неговото дејстување и опркужување, исто како и трепкањето на светулките во ноќта. Поставката ја следат звуци од музиката на слободниот езотеричен џез на светските реномираните музичари – браќата Гаро и Диран Тавитјан од Македонија. Тоа се неодамнешни композиции од браќата Тавитјан, компонирани и аранжирани во соработка со познатите имиња од светската џез-сцена. Во просторот што го исполнуваат храмонијата на музиката, заедно со содржините што се мануваат поре редоследот на насловите на делата на Најда и одат по патот по напишаните пароли на насликаните ленти, суптилно и поетично се појавува личната приказна на авторката, особено во композцицијата „Nadja’s live“. Поетиката и емоцијата коишто ги создава фузија на музиката и сликарскиот телент, ја илустрираат имагинацијата за љубовта и страста со којашто Најда твори и живее во и надвор од уметноста. Парадигмата „Кршливоста на светулките“ е диоптерот помеѓу стварноста и можностите, помеѓу желбите и ограничувања, што ни помага да ги препознаеме вредностите низ коишто се отвара патот по којшто стануваме пософитицирана и „подобра личност“, морално и етички, како што кажува канадскиот психолог и културен ктиричар Џордан Питерсон со неговите 12 правила на животот. Иако Џ. Питерсон продолжува во своите правила да ја гради личноста, вметнувајќи ги во сакалата на вредностите архетипското и религиозните верувања како наследен поредок или појдовна точка во смисла на „role model“ – добар пример, сметам дека, денешниот млад човек на патот кон успехот треба да ја развива свеста и да ги прифаќа одговорностите на ниво човек – интелектуалец, пример или херој. Или пак, да завршам тука со цитат од американскиот историчар Тимоти Снајдер и со неговите „20 лекции од 20-тиот век“, каде што во 12-тата лекција вели дека „Само да бидеш културен не е доволно. Треба да си граѓанин, одговорен член на  општестовото. Ова исто така е и начин да бидеш во контакт со своето опкружување  и да ги рушиш социјалните бариери за да разбереш кому можеш да му веруваш а кому не. Ако го внесеш дискусрот на разобличувањето, тогаш и ќе посакаш вистински да го дознаеш психолошкиот пејсаж на твојот секојдневен живот“. Ова би било контрапункт на комфорноста на концептот на „Кршливоста на светулките“. Не можам а да не напоменам дека овој ликовно филозофски дискурс, што го развива Надја за животот на современиот човек со предизвиците на 21 век, е современ тренд во реалистичката уметност каде што припаѓа и англиската сликарска Џени Савиљ, која на сличен начин го создава своето сликарство. Со исклучително изградена сликарска палета на бои, што ги користи Надја во цврстиот сликарски потег, ја создава светлината и сенката, го пробива актот, ја мултиплицира и раслојува линијата на неговата релалистична форма, запирајќи го движењето во моментот во којшто ги истакнува емотивните и социјалните состојби на човекот. Исто како кај портретите од нејзиниот прв циклус „Behind the skin“ (2017), така и во формата на актовите од новиот циклус „Кршливоста на светулките“, Надја Петровиќ, како и Џени Савиљ, се господари кои комплетно го владеат огромниот формат на ликовниот простор, како со содржината и техничките вештени, така и со импресиите што ги создаваат без никакви сликарски трикови. Тие се мајстори на класичната сликарска школа. Сликарските дела и критиката во контекст на содржината е јасна, како и кај делата на белгискиот надреалист, симболист и концептуалист од минатиот век – Рене Магрит. Пораките што ни ги испраќаат делата на Надја Петровиќ преку концептот „Кршливоста на светулките“, било да се реални или надреални, се јасни и читливи за оние кои се стремат да бидат подобри личности и да ги совладуваат недостатоците кај себе и околу себе.

 



Погледни ги сите објави