Здружение за педагогија, промоција и заштита на културното наследство

Македонида

Здружение за валоризација и промоција на културното наследство

Македонида беше основана во Скопје во 1998 година, за поддршка во имплементација на оргиналниот проект Едно училиште – еден споменик, чија цел беше внесување на културното наследство во образованието на младите генерации во Република Македонија. Овој проект се покажа како извонредно успешен и и овозможи на Македонида да прерасне во значајна меѓународна невладина организација од областа на
културното наследство на европско и на светско ниво. Здружението на граѓани Македонида речиси дваесет години активно работи во областа на педагогијата, промоцијата и конзервацијата на културното наследство на Мекедонија и на Балканот. Со
своите публикации, книги – водичи за спомениците на културата во Македонија, со промотивните кампањи ширум Европа и светот, како и со своите проекти од областа на конзервацијата на споменичното културно наследство, Македонида денес зазема
водечко место помеѓу невладините организации од областа на културното наследство и тоа не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот.

Нашите вредности

Културното наследство го разбираме како платформа за градење на меѓуетничка и верска толеранција и како културна и цивилизациска придобивка во борбата за просперитетно и демократско општество.
Културното наследство не е само реликт од минатото за којшто сме обврзани да се грижиме, туку и релевантен, корисен и многу важен сегмент од нашиот идентитет којшто претставува значаен општествен потенцијал за нашиот понатамошен културен и економски развој. Културното наследство мора да се почитува и заштитува при секое просторно планирање, како во урбаните така и во руралните средини.

Нашите цели и задачи

- Промоција и заштита на националното и регионалното културно наследство преку публикации, документарни филмови, изложби и предавања.
- Водење на мониторинг и на кампањи за загрозеното национално културно наследство на национално и меѓународно ниво.
- Лобирање за заштита на културното наследство пред органите за локална самопурава, пред државните институции како и на меѓународната сцена.
- Имплементација и промоција на успешни меѓународни проекти за заштита на културното наследство на Македонија, и тоа во областа на научното истражување, на документацијата, на конзервацијатаа и на обуката на професионалци и на волонтери во партнерство со престижни академски и научни центри од Европа и од светот.

- Вмрежување на Македонија во регионалните и европските мрежи на невладини и државни институции од областа на заштита на културното наследство и градење на партнерство и соработка на принципите на реципроцитет.

Членови

Здружението на граѓани Македонида е професионална невладина организација во која активно делуваат шеесетина историчари на уметност, архитекти, историчари, фреско конзерватори, ликовни уметници, градежни инженери и новинари. Претседател на здружението е основачот на Македонида, Професор д-р Панче Велков, дипл.град.инж. визитинг професор по стандарди за заштита на културното наследство при Академијата на Институтот за ликовни уметности од Чикаго. Во редовите на Македонида се вклучени и повеќе познати професори од Македонија,САД и Германија, како д-р Наде Проева, професор по античка историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, д-р Елизабета Димитрова, професор по Средновековна уметност, при Филозофскиот факултет во Скопје, Ралф Ахилес, професор по Историја на уметност при Академијата на институтот за уметност во Чикаго, д-р Филип Нивонер, професор по Христијанска археологија и византиска историја на уметност при Универзитетот Георг Аугуст во Гетинген, Германија и други...