Опис
Проектот Едно училиште – едне споменик е оригинален Проект на Здружението Македонида имплементиран ширум Македонија во периодот од 1998 до 2009 година во партнерство со Советот на Европа и Фондацијата Наполи Новантанове (“Napoli Novantanove”) од Неапол, а со поддршка на Светскиот Фонд за Спомениците од Њујорк (“World Monuments Fund”). Фондацијата отворено општество – Македонија, Град скопје и Министерството за Култура на Р.Македонија. Целта на проектот е вклучување на споменичното културно наследство во едукација на младата генерација во Македонија. Дваесетина училишта од Скопје, Куманово, Штип, Битола,Прилеп, Охрид, Кичево и Македонски Брод “посвоија”
по едне споменик на културата во нивната околина. Македонида организираше повеќе семинари за обука на наставниците вклучени во Проектот со помош на прирачници со специјално подготвена образовна програма на македонски и на албански јазик. Учениците, потпомогнати од страна на наставниците, беа иницирани на креативна репродукција на содржините кои ги нудат спомениците т.е на нивните историски, уметнички, архитектонски и амбиентални културни вредности. Резултатите на неколку стотини ученици вклучени во Проектот беа прикажани на изложби, на презентации подготвени и изведувани од учениците. на театарски претстави и на други активности во училиштата и надвор од нив, на лице место на посвоените споменици. ВО рамки на Проектот во Манастирот Јоаким Осоговски беа организирани две паралелки за културно наследство на кои учествуваа ученици,настанвици и експерти од Македонија, Србија, Бугарија,Грција, Молдавија, Италија и Франција. Резултатите од активностите на Паралелките за културно наследство беа прикажани на изложба во Советот на Европа во 2001 година. Резултатите од Проектот беа прикажани на неколку наврати преку семинари во Македонија, Бугарија и Србија. Со помош на Македонида и на Советот на Европа проектот беше имплементиран и во Србија во периодот од 2001-2004 година. По успешната реализација на „Едно училиште – еден споменик“ во Македонија и во соседните земји Македонида ги отстапи сите права и едукативни материјали за понатамошна имплементација на Проектот на Министерството за образование и наука на Р. Македонија
Книга водич за професори на македонски јазик