Опис
Проектот се спроведува со поддршка на Делегацијата на Европската унија во Скопје. Таа е дел од кампањата за културно наследство на Европската унија во 2018 година – EYCH2018. Главен настан на проектот е меѓународниот семинар закажан за периодот од 27 до 28 август 2018 година во Скопје и Битола, во партнерство со Управа за Заштита на културно наследство на Република Македонија од Скопје.
На семинарот беше прикажана нашата нова продукција – документарниот филм “Црквата Св. Ѓорги” во Курбиново, историјат, културно значење и конзервација.